Ливерпул запиша петти пораз дома едно по друго, Јирген Клоп е сè понервозен, не е задоволен од резултатите, но и играта на дел од ѕвездите.

Мохамед Салах не беше задоволен што беше заменет во 62 минута од средбата, реагираше „бурно“, медиумите од Англија коментираат дека ситуацијата во таборот на актуелниот шампион не е добра.

Клоп изјави неодамна дека Салах е еден од неговите најдобри играчи, но одлуката да го седне на клупата против Челси на вчерашниот меч, предизвика многу коментари.