Давид Алаба е нов играч на Реал Мадрид, германскиот „Скај“ тврди дека деталите се договорени, се чека официјална потврда на трансферот.

Според „Скај Германија“, познати се и деталите од договорот, станува збор за договор на пет години, практично „кралевите“ ја победија конкуренцијата, пред сè Барселона во Шпанија, но и неколку други клуба од Англија.

Инаку Алаба ќе добие годишна плата од 22 милиони евра според медиумите од Германија.