Реал Мадрид го објави списокот за натпреварот од 36-тото коло во кој гостуваат кај Гранада, а најголемо внимание привлекоа имињата во одбраната.

Тренерот Зинедин Зидан не може да смета на Дани Карвахал, Ферлан Менди, Серхио Рамос, Лукас Васкез и Рафаел Варан, кои се повредени, а сите тие се играчи од дефанзивата.

Така на списокот за Гранада се наоѓаат само Едер Милитао, Начо, Алваро Одриозола и 19 годишниот лев бек Мигел Гутиерез, кој досега има одиграно само 66 минути за првиот тим.

Да бидат работите уште полоши за Зидан, Одриозола исто така има проблеми со повреда па вчера се приклучи на остатокот од тимот на тренинг.