Реал Мадрид ги заврши настапите во Купот на Кралот со пораз од анонимниот клуб Алкојано по продолжение со 2-1, да биде трагедијата уште поголема, домашните играа со играч помалку последните 10 минути од средбата.

Реал Поведе со голот на Милитао во 45 минута, се чинише дека е тоа најава за сигурна победа.

Алкојано кој игра во третата лига израмни преку Солбес во 80 минута и го одведе мечот во продолжение. Домашните стигнаа до победа со голот на Казанова во 115 минута, пет минути преходно останаа со играч помалку.

Резултатот е шокантен сам по себе, изгледот на лицето на Зинедин Зидан говори се за тоа како го „виде“ поразот на својот тим  и елиминацијата во Купот.