Фудбалерите на Барселона се изборија за првиот трофеј во оваа сезона откако го совладаа Атлетик Билбао во финалето од „Копа Дел Реј“.

Првата честитка за успехот до адресата на „Каталонците“ пристигна од лутиот ривал Реал Мадрид.

„Честитки до Барселона и до сите фанови на овој клуб за заслужено освоениот пехар во „Копа Дел Реј“. – стои во објавата на „Кралевите“.

Со свој кометар се јави и легандарниот Карлес Пујол.

„Честитки екипо!!!, Да живее Барселона сега и секогаш, одиме на трофејот од Ла Луга.“- посочи Пујол.