Реал Мадрид  продава дури 11 играчи чија вредност достигнува на фудбалската берза неверојатни 340 милиони евра, ова го објави „Марка“  која потенцира, доколку сакаат „кралевите“ да  играат по правилата на финасискиот фер – плеј, моа да продадат играчи во вредост од најмалку 300 милиони евра.

Реал Мадрид потроши летово без  бонуси фиксни 303 милиони евра  за пет играчи, тоа го приморува на продажба на дел од фудбалерите актуелни во ростерот. Засега Реал го продаде само Љоренте на градскиот ривал Атлетико за 40 милиони, на листата за продажба има уште 11 играчи.

На листата се наоѓаат,  Навас (11 мил.),  Ваљехо (10 мил.), Тео Хернандез (16 мил.), Начо (27 мил.) Себалос (23 мил.), Иско (62 мил.), Ковачиќ (34 мил.) Хамес Родригез (48 мил.), Мариано (19 мил.) и Бејл (55 мил. ).