Динамо Загреб е голем бренд на просторите во поранешна Југославија, најтрофеен клуб во Хрватска и често учесник во Лигата на шампионите и Европа лигата во групната фаза.

За новата сезона ги пушти влезниците во продажба  и како ретко каде во екс -ЈУ териториите за сезонските билети се чека во редица.

Динамо во продажба пушти два вида на влезници, може да се избере меѓу златни  и сини кои имаат различни цени, се движат од  240 до 800 куни.

Сопствениците на „златните“ сезонски влезници покрај натпреварите од домашното првенство  ќе можат да ги гледаат и натпреварите во куповите во организација на УЕФА .