Македонија нема што да загуби а може да добие многу вечерва во Варшава, притисокот е врз Полска која мора да го оправда епитетот фаворит.

Македонските репрезентативци, стручниот штаб, целокупната наша делегација релаксирано на прошетка во Варшава, нема простор за притисок иако сме пред историска шанса, пласман на Европско првенство.

Убав начин за мотивациска дружба, ова стана мала традиција која ја негува нашиот национален тим, заедничка дружба во градот каде се игра натпреварот и тоа на денот на одигрувањето на мечот.