Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се најде во почетниот состав на неговиот тим Спортинг Лисабон, кој во рамки на Лигата на Европа ќе им гостува на турски Башакшехир.

Португалците по првиот меч имаат предност од 3-1 и со една нога се наоѓаат во 1/16 финалето од Лигата на Европа.