Родриго Ернандез, познат како Родри денес потпиша за Манчестер Сити, потврди клубот.

Медиумите пренесуваат дека е активирана откупната клаузула, а трансферот од Атлетико Мадрид изнесувал 70 милиони вера.

Со ова, Родри станува второто најскапо засилување во историјата на Сити.

Во тимот на „граѓаните“, Родри ќе настапува со бројот 16 на својот дрес.