Поранешниот репрезенативец на Шпанија, Педро немаше среќа на последниот настап во дресот на Челси.

Напаѓачот се повреди во последната минута од финалето против Арсенал во ФА Купот и сега ќе мора да замине на операција.

Педро остана без договор со Челси, а се очекуваше наскоро да биде потврден како ново засилување на Рома.

Сепак последните прегледи покажале дека тој ќе мораше да замине на операција и ќе паузара најмалку два месеци од терените.