Кристијано Роналдо стигна до бројката од 11 гола на европските првенства откако постигна два против Унгарија во победата на Португалија со 3-0.

Португалецот со овие два гола го надмина легендарниот Мишел Платини кој имаше 9 на континенталните првенства, сега рекордер е Роналдо со 11,а има шанса и да ја зголеми бројката до крајот на ЕУРО каде Португалија ја брани титулата.