Манчестер Јунајтед беше демолиран од Ливерпул со 5-0 на „Олд Трафорд“, овој проаз е тема на разговор во светот на фудбалот.

Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи им се обрати на навивачите, тие не го заслужија ова.

„Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме, понекогаш резултатот е како што не посакуваме. За овој пораз сме одговорни ние, не треба да обвинуваме некој друг. Нашите навивачи уште еднаш беа фантастични, тие заслужуваат многу повеќе од ова и ние мора да испорачаме такво нешто без одлагање и веднаш“ – напиша Роналдо.