Јувентус има намера да го задржи Кристијано Роналдо и по јуни 2022 година, двете страни закажале состанок на почетокот од мај, сакаат да ги дефинираат деталите.

Роналдо има договор со Јувентус до јуни 2022 година, раководството на „старата дама“ сака да го задржи 36-годишниот Португалец барем уште две сезони.

Јувентус не сака ништо да препушти на случајноста, Реал Мадрид има намера да го убедува Роналдо да се врати во Шпанија, актуелниот шампион на Италија сака брзо да го затвори „случајот“.