Како што јавуваат медиумите од Италија, Кристијано Роналдо и натаму е пзоитивен на Ковид-19, ова го покажал денешниот тест, Португалецот останува во изолација и го пропушта натпреварот меѓу Јувентус и Барселона.

Роналдо од 11 октомври нема одиграно ни минута, тој беше позитивен за време на настапот со репрезентацијата на Португалија, потоа пропушти средби во Серија А и во Лигата на шампионите.

Иако цела Европа чекаше дуел меѓу Роналдо и Меси, сепак короната тоа го спречи, според правилата на УЕФА, Роналдо доколку денеска добиеше негативен тест ќе можеше да настапи против Барселона.