Кристијано Роналдо го постигна првиот гол за Јувентус против Спал, екипата од Торино победи со 2-1.

Португалецот е во гол серија, погоди 11. натпревар едно по друго, го израмни рекородот на Габриел Батистута и Фабио Кваљарела.

Батистута постигна 11. голови едно по друго во 1994/95 за Фиорентина, Кваљарела истото го оствари со Сампдорија во сезоната 2018/19.

Роналдо серијата ја започна на 1. декември против Сасуоло, продолжи против Лацио, Удинезе, Сампдорија, Калјари, Рома, Парма, Наполи, Фиорентина, Верона и Спал.