Напаѓачот на Јувентус Кристијано Роналдо е излечен од коронавирус, две ипол недели откако беше дијагностициран позитивен на Ковид 19.

Веста вечера ја објави угледниот италијански новинар Фабрицио Романи.

„Кристијано Роналдо се враќа. Тој е негативен на Ковид 19 на последниот тест“, објави новинарот на социјалните мрежи.