Јувентус е под истрага за финансиски малверзации при реализација на повеќе трансфери во последните три години.

Доколку се утврди вина во поголемиот дел од наводите, можно е Јувентус да биде преселен во Серија Б а воедно да остане и без последната титула во Серија А.

Како што тврди „Газета Дело Спорт“ а тоа го пренесува „Фудбал-Италија“, во истрагата за сомнителни трансфери и под сомнение за „таен документ и договор“ е и Кристијано Роналдо.

Од страна на истражните органи во Торино најавено е дека на распит е можно да биде повикан и Роналдо, има сомнеж дека постел некаков таен договор меѓу Португалецот и клубот во однос на финансискиот дел од сорбаотката.

Обвинителството наводно има снимки со разговори во кои се тврди дека директорите на Јувентус разговарале за фамозниот дукумент кој не смее да постои…

Истрагата е во тек, Роналдо е можно да седне во судот, и да одговара на прашања на обвинителство.