Најголемата фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо како и во многу други нешта, успеа да стане првиот фудбалер кој станал милијардер.

„Форбс“ објави дека Роналдо станал милијардер, откако во изминатите 12.месеци беше втор најплатен спортист во светот зад Федерер. Португлаецот изминатата година заработи 105.милиони евра, а неговата популарност се гледа по социјалните мрежи на кои го следат речиси половина милијарда луѓе.

Португалецот е само третиот активен спортист кој успеал да дојде до такво богатство, покрај него милијардери како играчи станаа и голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.