Кристијано Роналдо сака да се врати во Реал Мадрид, ова го тврди  шпанскиот весник „Марка“.

Наводно Роналдо не е „среќен“ во Јувентус, ги контактирал челниците на Реал за враќање во Мадрид иако нема потврда дека има конкретни преговори за такво нешто.

На Реал му е потребен добар фудбалски маркетинг, но платата на Роналдо е проблем, тоа е проблем и за Јувентус кој сака да се откаже од Португалецот кој заработува 30 милиони годишно.