Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го објави идеалниот тим во квалификациите за ЕВРО 2020 година. Меѓу 11-те најдобри нема фудбалер од Македонија, а она што е изненадувачки е тоа што го нема ниту Кристијано Роналдо, кој стрелаше 11 пати во 8.натпревари за својата Португалија.

На голот се наоѓа Украинецот Пјатов, а одбраната ја сочинуваат Рамос, Демирал, и Сигурдсон. Во средниот ред се наоѓаат Кусулус од Грција, Бернардо Силва од Португалија, Вијналдум од Холандија и Захави од Израел, додека нападот го сочинуваат Англичаните Кејн и Стерлин, како и Холанѓанецот Мемфис Депај.