Јувентус го победи Интер со 2-0 во супер дербито во калчо лигата, Кристијано Роналдо не постигна гол но запиша убав рекорд.

Роналдо на средбата со Интер го одигра 1000. натпревар во кариерата.

„Горд сум што стигнав до 1000. одигран натпревар во кариерата, запишавме важна победа со која се вративме на врвот на табелата. Им благодарам на сите, моите соиграчи, тренерот, семејството, пријателите и навивачите кои ми помогнаа да стигнам до оваа бројка на одиграни натпревари“ – напиша на социјланите мрежи Роналдо.