36 годишниот Кристијано Роналдо во средата го постигна стотиот гол за Јувентус во својата трета сезона во клубот. Јуветус игра лошо сезонава и би можеле да останат без пласман во Лигата на шампионите, а ако тоа се случи, Роналдо би можел да биде продаден затоа што торинскиот клуб нема да може да го финансира неговиот договор, сметаат Италијаните.

Но, пораката на Роналдо на Инстаграм праќа одредени сигнали. Имено, Португалецот објави фотографија од прославата на 100-от гол за Јувентус, со порака дека нема тука да запре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Тоа би требало да значи дека ќе го гледаме во Јувентус и следната сезона, дури и ако клубот игра Лига Европа.

Роналдо пристигна во Јувентус во 2018-та година од Реал Мадрид и има договор уште една година.