Англискиот фудбалски репрезентативец и член на Челси Рубен Лофтус -Чик го продолжи договорот со тимот од Лондон до 2024 година.

„Навистина сум среќен и задоволен што можам да останам тука уште пет години. Тоа е местото каде што пораснав играјќи и се надевам дека ќе играм овде уште многу долго“ изјави фудбалерот по официјалната промоција на новиот договор.