Дерби Каунти вечерва на „Прајд Парк“ ќе се обиде да го изненади фаворизираниот Манчестер Јунајтед и да се пласира во четвртфиналето од ФА Купот.

Легендата на „Ѓаволите“, Вејн Руни е во почениот состав на „Овните“ а има улога на класична десетка.

Солскјер одлучи за денешниот натпревар да направи неколку измени и шанса да им даде на Дало, Баи, Лингард и на Игало од првата минута, во почетните 11 е и Фернандеш.