Манчестер Јунајтед и Дерби Каунти во четврток ќе се соочат во рамки на ФА Купот, а менаџерот на „Црвените ѓаволи“ очекува посебно мотивиран Вејн Руни кој сезонава е дел од Дерби.

Поранешниот англиски репрезентативец на „Олд Трафорд“ настапуваше цели 13. години во периодот од 2004 до 2017 година.

„Руни против Јунајтед ќе биде посебно мотивиран. Ќе сака да покаже дека сеуште е во одлична форма. Свесни сме колку му значи овој меч. Не смееме да му дозволиме ни милиметар простор, ако сакаме да немаме проблеми. Тој е легенда на овој клуб и очекувам одличен дочек од домашните навивачи“-изјави Норвежанецот.