Рускиот фудбалер Павел Мамев е една од главните теми во руската спортска јавност. Откако мина неколку месеци во затвор поради физички напад, сега остана без сопругата Алана Мамаева. Таа открила дека за време на припремиете во Шпанија, Павел имал љубовница.

Одлучила работите да ги земе во свои раце. На Инстаграм стори објави разголена фотографија која љубовницата му ја пратила на Мамаев. Но, тука не застана.

Го откри нејзиното име и презиме и објави фотографија од нејзината лична картна. Потоа јавно го откри и нејзиниот телефонски број.

Инаку, во 2019-та година Мамаев заедно со Александар Кокорин беа осудени на една и пол година затвор поради хулиганизам и претепување на рускиот политичар Денис Пак во едно московско кафуле. Мамаев беше порано пуштен од затвор.