Фудбалското првенство во Русија ќе продолжи од 21.јуни и тоа со присуство на публика, пренесуваат тамошните медиуми.

Животот во оваа земја полека се враќа во нормала, па со самото тоа се враќа и спортот, но и фановите на трибините. Сепак, стадионите ќе бидат само 10% исполнети од максималниот капацитет, согласно препораките од Светската здраствена организација.

„ Сметаме дека малиот број на навивачи не може да ја загрози ничија сигурно и нема потреба стадионите да бидат потполно празни“- изјави заменик премиерот Дмитриј Чернишенко.