Фудбалерот на Тотенхем Деле Али е фотографиран како се бакнува со ќерката на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Фотографијата која покажува бакнување на Марија Гвардиола и Деле Али ја објави англискиот весник Сан.

Сведоците наведуваат дека Али и Гвардиола не се ни обидувале да го сокријат разменувањето емоции на јавно место.

„Не им беше гајле, сите ги видоа додека се бакнуваат, а тие не ни трепнаа“- вели извор за Сан.

Како што наведуваат сведоците, Али и пришол на 20 годишната Марија, кратко разговарале, а потоа почнале да разменуваат нежности.