Тренерот на Интер, Антонио Конте на мечот против Лудогорец од Лигата на Европа, шанса за настап во нападот му даде на Алексис Санчез.

Чилеанецот го зазема местото на Лаутаро Мартинез кој е суспендиран поради картони.

Интер во пресрет на реванш дуелот на „Џузепе Меаца“ има предност од 2-0 по првиот дуел во Бугарија и е на чекор од 1/16 финалето од Лигата на Европа.