Волфсбург и Борусија Дортмунд го играат дербито од 27.коло во Бундес лига, а на денешниот меч повторно на клупата остана Џејдон Санчо.

Англичанецот многу извесно на лето ќе го напушти германскиот гигант и ќе се врати во својата родна земја, а добар предзнак за тоа е тоа што втор натпревар во серија останува на клупата за резерви.

Нападот на „Милионерите“ повторно ќе го предводи Ерлинг Халанд, кој игра импресивна полусезона по трансферот од Салцбург.