Изгледа неверојатно но е вистинито, Сасуоло има најдобар спонзорски договор во Италија кој се однесува на рекламите на дресовите.

Сасуоло од компанијата „Мапеи“ добива 18. милиони евра по сезона, тоа e единствената реклама која овој клуб ја има на дресот.

Има и логично објасување за ова, Сaсуоло е спонзориран од оваа градежна компанија кој го финансира клубот.

Интересно е тоа што Јувентус е на второто место со 17. милиони, следуваат Милан со 14, Рома 14, Интер 10,5, Наполи 9…