Горан Пандев порача: За овој натпревар живеам, ова е мојата последна шанса за ЕП. Да не бидеме премногу сентиментални, но капитенот е во право, Македонија никогаш досега не била поблиску до Европско првенство.

Дресот на Пандев е во соблекувалната на Македонија пред важниот натпревар со Косово. Не само што носи оптимизам туку и надеж дека можеме до финале во Лигата на нации.


Можеме, сакаме, мораме…. Како сакате така, само да победиме, само да славиме, да добиеме позитивен импулс од спортот кој во периодов во земјава е во трет план.