Барселона  и Баерн ќе го одиграат натпреварот од 1.коло од групата Е од Лигата на шампионите во 21 часот на „Камп Ноу“.

Тоа е прва средба на овие тимови по четвртфиналето на ЛП во 2020 година, кога Баерн славеше со 8: 2 и и го нанесе најтешкиот пораз на Барселона во историјата. Баварците на тој натпревар ја победија Барселона, во чиј стартен состав вечерва има само пет играчи во споредба со таа игра.

Барса влезе во ерата без Меси со две победи и реми на почетокот на шампионатот, додека Баерн е во одлична серија од пет победи и пристигнува во Шпанија во најсилниот можен состав.