Кристијано Роналдо се огласи по елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите, клубот мора да размислува како најдобрите во светот, да работи најдобро што може…

Португалецот не е среќен што сезоната заврши порано од нивните очекувања, Јувентус сакаше да стигне до финалето во ЛШ.

„Време е за анализа, да видиме до каде сме, треба да бидеме самокритични ако сакаме да напредуваме. Голем клуб како Јувентус мора да размислува како најдобрите, да работиме уште повеќе. Титулата во Серија А не прави среќни и горди, навивачите сакаат повеќе од нас и ние треба да ги исполниме нивните очекувања. Краткиот одмор е време за анализа, време за одлука за иднината“ – напиша меѓу другото Роналдо.