Првата фотографија на легендарниот фудбалер во затворот во Парагвај ја објави парагвајскиот новинар Ернан Родригез

Да потсетиме, Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис влегле со лажни пасоши во Парагвај, за што сега се сместени во затвор каде ја чекаат судската постапка, со која можат да бидат осудени и на 5 години затвор.

Роналдињо имаше блескава кариера, настапувајќи за ПСЖ, Барселона, Милан, Гремио, Фламенго, Атлетико Манеиро, Керетаро и Флуминенсе.