На интернет се појавија фотографии со гостинскиот дрес на Барселона за сезона 2020/21.

Дресот е од производителот Nike, кого допрва ќе го претстават во јули, а дресот ќе биде комплетно црн, дури и шорцевите и чорапите.

Логото на Најк ќе биде со златна боја, а грбот на Барселона со црно-златна.

Со слична опрема Барселона настапуваше во сезона 2013/14, но тогаш тоа беше третиот комплет.