Автомобил марка Порше, кој одамна го поседувал аргентинскиот фудбалски велика Диего Армандо Марадонија, во текот на неговата последна сезона, оваа недела оди на аукција.

Марадона во 1992 година возеше сребрено Порше 911 одејќи на тренинг и на натпревари, додека играше за шпанскиот клуб Севиља, а тоа беше негова последна сезона во Европа, откако пред тоа отслужи 15 месечна забрана поради позитивен тест на дрога.

Марадона во текот на таа сезона беше на насловните страни, но не поради успехот на теренот, туку затоа што полицијата го застана баш со овој автомобил, поради минување на црвено светло на семафор со брзина од 180 на час во центарот на градот.

„Го возел само Диего Армандо Марадона и поради тоа овој автомобил веројатно би можел да вреди два или три пати повеќе од вредноста на стандардниот автомобил“– вели Грегори Тујтенс, специјалист за автомобили во аукциската куќа Бонхамс, во Белгија.

Интернет аукцијата ќе трае до среда, 10 март, а почетната цена е 200 илјади евра. Автомобилот има поминато 120 илјади километри.