Арсенал го комплетираше трансферот на Дани Себалјос кој доаѓа во Лондон како позајмен од Реал Мадрид на една година.

„Многу сум горд што ќе го носам овој дрес. Доаѓам во клуб со богата историја во Премиер лигата и мислам дека ова е чекор напред во мојата кариера“ – изјави Себалјос.

Во договорот нема откупна клаузула па доколку Арсенал сака да го купи репрезентативецот на Шпанија на крајот на новата сезона ќе мора повторно да преговара со „Кралевите“.

Тој ќе го носи дресот со број осум а се очекува да дебитира за Арсенал во недела на пријателскиот дуел со Лион.