Деветтиот светски рекет, Американката Серена Вилијамс, објави дека пласира сопствена лимитирана серија на куфери, работена заедно со брендот Away.

Ако нешто научив за сите години патувања, како спортистка, другарка и мајка, тоа е дека треба да се има квалитетен багаж. Затоа со задоволство објавувам дека имам сопствена линија на куфери, резултат на соработката со Away. Каде и да одите, спакувајте ги саканите работи и направете го тоа со стил“, напиша Серена на својот инстаграм.