Фудбалскиот клуб Нортемтон Таун се пофали дека на трибините од својот стадион меѓу навивачите ќе ја имаат НБА легендата Шекил О’Нил.

Секако, тоа нема да биде реално, туку неговиот лик од картон ќе биде поставен на трибините. На картонот ќе се види и клупскиот шал околу вратот на О’Нил во која една прилика го носеше.

О’Нил е тесно поврзан со овој клуб, бидејќи е во одлични односи со сопственикот Келвин Томас. Шек во 2016.година сними видео порака со поддршка за Нортемтон, кога нисколигашот избори пласман во Лига 1.

Нортемтон го очекува плејоф меч со Челтнам, каде се наоѓаат и Екстер и Колчестер.