Со натпреварот во Ѓорче Петров меѓу Македонија ЃП и Работнички , започна 15 коло во домашното фудбалско првенство.

Наџи Шенсои дебитираше со победа 2-0 на клупата на Македонија Ѓ.П., головите за тимот од Ѓорче Петров ги постигнаа Јашаровски во 15 и Божиновски во 70 минута од средбата.

За Македонија ова е прва победа по седум средби без триумф во ПМФЛ, Работнички го запиша вториот пораз во низа откако во претходното коло беше поразен од Шкендија.

Утре се играат останатите средби, Вардар – Шкупи, Шкендија – Ренова, АК. Пандев- Струга ТЛ. и Борец – Силекс.