Македонскиот шампион, екипата на Шкендија денеска во Нион го дозна противникот во првото квалификациско коло за Лигата на Шампионите за сезоната 2021/22.

Противник на екипата од Тетово ќе биде Словенечкиот шампион Мура , кој во едно неизвесно првенство успеа да му ја одземе шампионската титула на Марибор во последното коло.

Ова ќе биде вистински тест за екипата на Шкендија , и согледување на реалните можности за пласман во второто коло.