Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу кариерата ќе ја продолжи во МОЛ Фехервар од Унгарија.
Ова го потврди Шкендија на официјалниот сајт, со поздрав за досега постигнатото на Мусиу во црвено-црниот дрес. Муслиу за Шкендија играше 18 месеци и освои три трофеи. Централниот бек одигра 62 натпревари за Шкендија и постигна девет гола.
Муслиу во МОЛ Фехервар (поранешен Видеотон) ќе игра заедно со нашиот репрезентативец Бобан Николов.
Comments are closed for this post.