Македонскиот шампион Шкендија , како најдобра екипа во сезоната 2020-21 и како шампион на Македонија ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите следната година.

„Тетовци“ имаа олеснителна околност во првиот квалификациски шешир , односно тие се носители и ќе ги избегнат екипите од рангот на  Динамо Загреб , Олимпијакос, Црвена Ѕвезда , Малме, Лудогорец и слични на нив.

Можни ривали на тетовчани се Рига, ХЈК , Шатјор Солигорск , Шамрок , Коханс , Бодо Глимдт , Хамрун , како и шампионот на Албанија  и тим од претквалификациите, а ќе се приклучат уште седум други, во зависност од тоа кој ќе биде првак во Израел , Азербеџан , Северна Ирска , Босна и Херцеговина , Словенија , Луксембург и Ерменија.

Како и да е , се чини Македонскиот првак е во добра позиција да помине барем едно квалификациско коло , нешто што во последно време не им оди од рака на Македонските тимови.