Фудбалерите на Шкендија се првата екипа од ПМФЛ која започна со тренинзи, откако вчера беше објавено дека сезоната во најсилната фудбалска конкуренција во Македонија ќе се доигра.

 

Фудбалската федерација на Македонија најавија дека сезоната во ПМФЛ ќе продолжи кон средината од јуни. Сите играчи беа подложени на медицински и физички тестирања, па по два ипол месеци се вратија на терените.