Денеска со ждрепка се одредени противниците на Шкендија,Шкупи и Ренова во Европа лигата.

Шкендија за противник го доби тимот на Сумгаит од Азербејџан, екипата од Тетово беше носител на ждрепката.

Шкупи за противник исто така доби екипа од Азербејџан, за пласман во лседната рунда ќе игра против Нефчи.

Ренова ќе патува во Ерменија, противик на тимот од Џешчиште е екипата на Алашкерт. Ќе се игра по еден натпревар, квалификациите се закажани за 27 август.