Актуелниот македонски шампион Шкендија, стигна до втората победа на подготовките во турска, Анталија. Тетовчани во последниот контролен меч беа подобри од Слован Либерец со минимални 1-0.

Единствениот погодок го постигна капитенот Бесарт Ибраими и со зголемена самодоверба влегуваат пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Тетовци по првиот дел од сезоната се на втората позиција со осум бода негатива во однос на лидерот Вардар.