Македонскиот фудбалски првак, Шкендија ќе има доволно време за аклиматизација и завршна подготовка пред реваншот со Дуделанж во второто коло од квалификациите за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Црвено-црните отпатуваа за Луксембруг каде во вторник ги очекува најважниот натпревар во ова европско лето. По поразот од 2:1 на домашен терен во Скопје, немаат многу простор за калкулација.

Реваншот меѓу Шкендија и Дуделанж ќе се игра во вторник на стадионот „Жози Бартел“ со почеток од 17:55 часот.