Шкупи официјално му посака добредојде на Фреди Алварез, тој е нов член на клубот од Чаир кој се засили во нападот.

25-годишниот Алварез настапуваше за младинските и олимписката селекција на Костарика, станува збор за големо засилување во нападот на Шкупи.

За Алварез ова е прво интернационално искуство, тој досега во кариерата играше само во Костарика, а последен негов клуб е Жиракал.